Објавено на 10 / 11 / 2015 22:00:36

Продолжува победничката серија на Барселона!!!

Продолжува победничката серија на Барселона без својот најдобар играч, аргентинецот Лионел Меси.

Барселона се навикна и на „животот без Лео Меси“, па каталонскиот гигант ја забележа и четвртата победа во низа во Примера дивизион, без помошта на својот најдобар фудбалер. Овојпат на „Камп ноу“ падна тимот на Вилјареал, кој беше совладан со 3-0 по фуриозното второ полувреме што го одиграа актуелните шампиони на Шпанија. Нејмар беше човекот на одлука постигнувајќи ги првиот и третиот гол, од кои мора да се истакне оној третиот, кога со фантастична финта се ослободи од својот чувар пред да го матира гостинскиот голман. Вториот гол за Барселона беше дело на Суарез од пенал, откако Мунир беше соборен во противничкиот шеснаесетник. Оваа победа е добра увертира за Барселона во пресрет на големото дерби против Реал Мадрид, што ќе се игра на 22 ноември на „Сантијаго Бернабеу“.

Free Web Hosting