Фудбалски Клуб Барселона (каталонски: Futbol Club Barcelona, често познат како Барса или Барселона) — професионален фудбалски клуб, со седиште во Барселона, Шпанија. Се натпреварува во Ла Лига, и е еден од трите клуба кои никогаш немаат испаднато од првата шпанска лига. Формиран во 1899 година од страна на швајцарски, шпански и каталонски играчи предводени од страна на Жоан Гампер, клубот станал симбол на каталонската култура и каталонците, под мотото „Més que un club“ (македонски: Повеќе од клуб). Официјалната химна на Барса е „Cant del Barça“ чии автори се Жуам Пикас и Жозеп Мариа Еспинас. За разлика од многу други фудбалски клубови, фановите ја поседуваат и раководат со Барселона. Барселона е вториот најбогат фудбалски клуб во светот во поглед на приход, со годишен обрт од 484 милилони евра. Клубот има долго ривалство со Реал Мадрид, натпреварите помеѓу овие два тима се познати како Ел Класико. Во домашните првенства ФК Барселона освоила рекордни дваесет и пет Шпански купови, девет Шпански Супер Купови и два Лига Купови. Исто така е еден од најуспешните клубови во европскиот фудбал, со освоени десет УЕФА натпреварувања. Барселона е единствениот европски клуб кој игра континентален фудбал секоја сезона од 1955 година. Во 2009 година Барселона стана првиот шпански клуб кој ги има освоено Ла Лига, Кралскиот Куп и Лигата на шампионите во една сезона. Истата година стана и првиот фудбалски клуб во светот кој има освоено шест од шест трофеи во една година, вклучувајќи ги и Шпанскиот Супер Куп, УЕФА Супер Купот и ФИФА светскиот клубски Куп.

Рекорди

Мигуели моментално го држи рекордот на најмногу вкупно одиграни натпревари за Барселона (548) и најмногу Ла Лига настапи (391), Чави, е играчот со најмногу интернационални настапи, до 9 мај 2010 година има одиграно 352 лигашки натпревари и 527 натревари во сите натпреварувања. Најдобар стрелец на сите времиња во ФК Барселона во сите натпреварувања ( вклучувајќи ги и пријателските) е Лионел Меси со 368 голови голови. Рекордот со најмногу лигашки голови го држи Лионел Меси со 253 голови голови во Ла Лига, рекорд што нема да биде соборен уште долго време. Само четири играчи успеале да постигнат над 100 голови за „Барселона“: Цезар Родригез (195), Ладисало Кубала (131), Самуел Ето (108) и Лионел Меси (368). На 2 февруари 2009 година, Барселона стигна до вкупно 5.000 голови во „Ла Лига“. Голот беше постигнат од страна на Лионел Меси на натпреварот против „Расинг Сантандер“ во кој Барселона славеше со 2:1. На 18 декември 2009 година, „Барелона“ го победила „Естудиантес“ со 2:1, со што ја освоила шестата титула во годината, и така станала првиот фудбалски клукб кој има освоено шест титули во една сезона. Барселона исто така го држи и рекордот на најмногу освоени Кралски купови (25) и заедничкиот рекорд со „Реал Мадрид“ за најмногу освоени Супер купови во Шпанија (8). Најпосетениот натпревар на домашен терен на Барселона бил со 120.000 гледачи, и тоа на натпревар во Европскиот куп, во четвртфиналето против „Јувентус“ на 3 март 1986 година. Со модернизирањето на „Камп Ноу“ во текот на деведесетите и со воведувањето на седиштата на сите трибини, капацитетот на стадионот бил поставен на 98.772 седишта, со што тој рекорд нема да биде соборен во блиската идинина.
  • Шпански шампионати (23)
  • 1928–29, 1944–45, 1947–48, 1948–49, 1951–52, 1952–53, 1958–59, 1959–60, 1973–74, 1984–85, 1990–91, 1991–92, 1992–93, 1993–94, 1997–98, 1998–99, 2004–05, 2005–06, 2008–09, 2009–10, 2010-11, 2012-13, 2014-15
  • Шпански куп (27)
  • 1909-10, 1911-12, 1912-13, 1919-20, 1921-22, 1924-25, 1925-26, 1927-28, 1941-42, 1950-51, 1951-52, 1952-53, 1956-57, 1958-59, 1962-63, 1967-68, 1970-71, 1977-78, 1980-81, 1982-83, 1987-88, 1989-90, 1996-97, 1997-98, 2008-09, 2011-12, 2014-15
  • Шпански Супер куп (11)
  • 1983, 1991, 1992, 1994, 1996, 2005, 2006, 2009, 2010, 2011, 2013
  • Лига на Шампиони / Куп на Шампиони (5)
  • 1991-92, 2005-06, 2008-09, 2010-11, 2014-15
  • Куп на УЕФА (4)
  • 1978–79, 1981–82, 1988–89, 1996–97
  • УЕФА Супер куп
  • 992-93, 1997-98, 2009-10, 2011-12, 2015-16
  • ФИФА светски куп / Интернационален куп (2)
  • 2009-10, 2011-12
Free Web Hosting